Бројот на новинари во медиумските куќи ширум САД е намален за 23 отсто од 2008 година, во печатените медиуми, пак, намален е за 45 отсто.
Ваквите податоци ги објавува истражувачки центар од Вашингтон, и истите произлегуваат од нивното најново истражување.
Иако во последно време во САД се забележува зголемување на вработеноста во дигиталните информативни медиуми, сепак тоа не е доволно за да се неутрализираат видливите „загуби на работни места” во медиумите.