Свет 08. април 2020. / 11:32

САД брои 400.000 заразени и речиси 13.000 смртни случаи

САД брои 400.000 заразени и речиси 13.000 смртни случаи

Соединетите Американски држави регистрирале над 400.000 случаи на корона вирус, покажуваат најновите податоци на „Worldometers“ објавени во средата.

Покрај тоа што САД е лидер во бројот на инфицирани со Ковид-19 на глобално ниво, бројот на смртни случаи од вирусот достигна речиси 13.000 лица, при што само Италија со 17.172 и Шпанија со 14.045 пријавуваат повеќе жртви.

Модел изработен од Институтот за здравствена статистика и евалуација на Универзитетот во Вашингтон (IHME) предвидува дека смртните случаи на национално ниво од корона вирусот ќе достигнат околу 82,000 смртни случаи до август.