Свет 31. мај 2020. / 23:18

САД активираа 5.000 членови на Националната гарда во 15 држави

САД активираа 5.000 членови на Националната гарда во 15 држави

Портпаролот на Националната гарда, армискиот наредник Мајкл Хук, во неделата потврди дека околу 5.000 припадници на Националната гарда се активирани како одговор на граѓанските немири во 15 држави, кои сега се подготвени да се активираат доколку има потреба.

Тој истакна дека персоналот на Националната гарда „живее во заедниците на кои им служи и се таму за да го заштити правото на својот сосед мирно да протестира“.

Држави со активирана Национална гарда се Колорадо, Џорџија, Индијана, Кентаки, Минесота, Северна Каролина, Охајо, Пенсилванија, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Јута, Вашингтон, Висконсин.