Европската унија (ЕУ) и одреди на руската компанија Гаспром обврски за подобрување на проток на плин по конкурентна цена во источна Европа, соопштено е.
Европската комесарка за заштита на конкурентноста Маргарет Вестагер рекла дека Гаспром треба на ефикасен начин да обезбеди на потрошувачите кои цената ја плаќаат да биде конкурентна.
После тригодишна правна постапка, одлука која ја донела ЕУ значи дека Гаспром мора да ги тргне ограничувањата за препродажба на плин преку граница и да го унапреди протокот на плин до членките на ЕУ како што е Бугарија и балтичките земји.
Ако Гаспром прекрши било која обврска, можна е казна и до 10 отсто од глобалниот промет на таа компанија.
Гаспром соопштил дека е “задоволен” со догворот кој го оценил како “најразумен допринес за подобро функционирање на европскиот пазар за плин”.
Меѓутоа оваа соопштение е добро спакувана игра со која ќе се запечати превласта на Русија и Германија на пазарот за плин во Европа а битни се и три точки од договорот:
1. Проектот Јужен тек, што е дел од антимонополското пазарење со ЕК.
2. Руската компанија отстапила од калузулата со која се ограничува можноста купувачот и понатаму да продава плин и се согласила за создавање услови за поголем прилив на плин до балтичките земји и Бугарија.
3. Европската комесарка за заштита на конкурентноста Маргарет Вастагер рекла дека со одлуката, ЕК за Гаспром ќе ги тргне бариерите за слободен проток на гас низ Европа.
Со овој договор тргнат е секој отпор на земјите на ЕУ за изградба на уште еден руски гасовод до Германија “Северен тек 2”. Вистината е дека со овој договор се прави и премин низ Европа со “Турскиот тек” кој на некој начин ќе биде обештетена Бугарија поради губитокот на “Јужниот тек”.
Значи, Европа падна пред руско-германскиот договор и овие две земји стануваат апсолутни господари на европскиот пазар на плин, со што Америка вероватно излегува од игра со својот скап проект за транспортен гас до Европа.