Свет 31. март 2020. / 10:05

Руски лекар: Корона вирусот ќе остане засекогаш со нас, очекуваме нов бран во Кина

Руски лекар: Корона вирусот ќе остане засекогаш со нас, очекуваме нов бран во Кина

Директорот на Институтот за медицинска паразитологија и тропски болести во рускиот Универзитет „Сечин“, Александар Лукашев смета дека ситуацијата со пандемијата на корона вирусот целосно ќе се стабилизира дури за неколку години, а тој вирус, според него, најверојатно ќе остане активен засекогаш, иако нема да биде социјално опасен.

Лукашев оценува дека развојот на корона вирусот се одвива по сценариото на САРС.

– Најверојатно овој вирус ќе остане со нас засекогаш – истакнува Лукашев.

Според неговата проценка, вирусот ќе остане кај луѓето, нема да ја намалува својата сила, но нема да биде опасен за човештвото.

Тој претпоставува дека наскоро во Кина ќе почне нов бран на корона вирусот.

– Секако, тие знаат да се борат, знаат како да го запрат вирусот, но Кина и понатаму живее на буре барут – вели Лукашев.