Свет 09. март 2021. / 16:22

Руската вакцина ќе се произведува во неколку земји од ЕУ

Руската вакцина ќе се произведува во неколку земји од ЕУ

Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев изјави денеска дека Русија склучила договори со фармацевтски погони во Италија, Шпанија, Франција и Германија за производство на вакцината Спутник В против Ковид-19.

Тој ја потврдил информацијата за руската државна телевизија Русија24, но одбил да соопшти повеќе детали.

Дмитријев ја дал изјавата откако бил потпишан договор со швајцарската фармацевтска компанија „Адиен Фарма & Биотек“ за производство на вакцината Спутник В во Италија.