Свет 27. јули 2020. / 22:07

Руската служба за безбедност спречи терористички напад во Москва

Руската служба за безбедност спречи терористички напад во Москва

Федералната служба за безбедност на Русија (FSB) објави дека спречила терористички напад кој бил планиран во Москва.

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на FSV се наведува дека маж од Централна Азија планирал да изврши масовно убиство во Москва, а потоа да замина во Сирија за да се приклучи на „терористичката организација забранета во Русија“.

За време на обидот за апсење, маж отворил оган од автоматско оружје врз претставниците на органот за спроведување на законот, но тој беше неутрализиран со вкрстен оган, посочија од FSB.

Минатата година FSB спречи 57 терористички напади и елиминираше 78 терористички ќелии.