Свет 15. март 2020. / 13:04

Руската и турската војска почнаа заедно да патролираат во Сирија

Руската и турската војска почнаа заедно да патролираат во Сирија

Руски и турски воени трупи почнаа со својата прва заедничка патролна мисија долж автопатот М4 во сириската провинција Идлиб, во согласност со постигнатиот договор меѓу двајцата претседатели, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

Мисијата во која учествуваат руската воена полиција и турските трупи ќе ја надгледува руско-турскиот центар за координација. Целта на мисијата е да обезбеди примирје и безбедно движење на цивили по автопатот.

Руските претседатели Владимир Путин и Турција Реџеп Таип Ердоган на 5 март во Москва се договорија да биде прогласен прекин на огнот во Идлиб и да преземат голем број други мерки за подобрување на состојбата во таа сириска провинција.