Свет 03. ноември 2018. / 17:24

Руска Православна Црква: Договорот меѓу Цариградскиот Патријарх и Порошенко не значи ништо

Руска Православна Црква: Договорот меѓу Цариградскиот Патријарх и Порошенко не значи ништо

Договорот што денеска го потпишаа Вселенскиот патријарх Вартоломеј и претседателот на Украина Петро Порошенко не значи дека во Украина е формирана независна црква, изјави денеска портпаролот на Руската православна црква Владимир Легоида.

-Договорот меѓу државата Украина и Вселенската Патријаршија не значи создавање на Украинската Црква, рече Легоида.

Претходно денеска Порошенко и Вселенскиот патријарх потпишаа договор за соработка со цел создавање на независна Украинска црква.

Порошенко изјави дека се исполнети сите услови за Украинската црква да добие автокефалност.