Руската влада започна правна постапка за блокирање на апликацијата Телеграм во земјата.
Рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор бара блокирање бидејќи компанијата одбила да ги предаде клучевите за енкрипција на пораките.
Телеграм, со седиште во Дубаи, добила рок до 4 април да ги предаде клучевите. Компанијата одбила да го направи тоа велејќи дека услугата е направена така што не може да се има пристап до нив.
Главната руска безбедносна агенција, ФСБ, ги бара клучевите за да може да чита пораки со цел да спречи идни терористички напади во земјата.
Од Телеграм пак велат дека обидот за блокирање на апликацијата е неоснован.