Свет 13. април 2018. / 15:32

Русија нареди итно блокирање на апликацијата „Телеграм“

Русија нареди итно блокирање на апликацијата „Телеграм“

Рускиот суд нареди да се блокира пристапот до апликацијата „Телеграм“ во Русија, најавувајќи прекин на комуникацијата помеѓу милиони корисници, поради последниот судир меѓу руските власти и светските технолошки компании, пренесува Ројтерс.

Одлуката се донесе по една недела откако државната комисија за следење Роскомнадзор, поднесе тужба за ограничување на пристапот на „Телеграм“ по одбивањето на команијата да им даде пристап на руските служби, до тајните пораки на своите корисници.

Инаку „Телеграм“ им овозможува на повеќе од 200 милиони корисници да комуницираат преку шифрирани пораки кои не можат да бидат прочитани од други лица.