Свет 18. јули 2018. / 09:44

Русија ќе сослушува агенти на ЦИА, Америка ќе сослушува руски инспектори осомничени за хакирање во САД

Русија ќе сослушува агенти на ЦИА, Америка ќе сослушува руски инспектори осомничени за хакирање во САД

Руското обвинителство сака да сослуша агенти од разузнавањето на САД и еден поранешен американски амбасадор во Москва во врска со истрагата за финансискиот криминал на британски инвеститор во Русија.

Претставници  на руското  државно обвинителство ова го потврдија  ден по средбата меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин.

На неа рускиот претседател предложил американски инспектори да ги испрашуваат агентите од руското воено разузнавање, осомничени за хакерско мешање во претседателските избори во сад во 2016 година.

Во замена Русија сака да испрашува Американци, за кои смета дека се вмешани во криминалот на Британецот Вилијам Браудер.