Свет 17. октомври 2019. / 12:04

„Роснефт“ ја презема контролата врз државната нафтена компанија на Венецуела

„Роснефт“ ја презема контролата врз државната нафтена компанија на Венецуела

Рускиот енергетски гигант „Роснефт“ (PJSC Rosneft Co.) ќе ја преземе контролата врз давната компанија за нафта и гас на Венецуела Petroleos de Venezuela (PDVSA), јавуваат агенциите повикувајќи се на венецуелскиот весник  El Nacional.

Во замена, Русија ќе го отпише државниот долг, што Венецуела го има спрема неа.

Руски експерти веќе ги посетиле постројките на PDVSA и ги процениле неопходните ресурси за реконструкцијата, што треба да биде извршена, откако „Роснефт“ ќе ја преземе компанијата.

-Тие веќе прават преглед на бродовите и на постројките за да ја утврдат реалната ситуација на венецуелската нафтена индустрија, навеле извори за El Nacional.

Во јануари годинава Вашингтон воведе санкции против PDVSA и нејзината актива во САД во  вредност од 7 милијарди долари, потсети Националното радио.