Кристоф Франц, претседател на швајцарската фармацевтска компанија “Роше“, рече во понеделникот дека фармацевтскиот гигант ќе инвестира повеќе од 400 милиони евра во своите објекти во Германија.
Финансирањето ќе се искористи за да се направат тестови за антитела, кои можат да се искористат за откривање на инфекции од Ковид-19, покрај активностите за истражување и развој, изјави Франц.
Тестот за антитела на компанијата „Роше“ вчера доби итно одобрение од Управата за храна и лекови на САД.