Свет 08. ноември 2020. / 12:45

Ромни е првиот републикански сенатор кој му честиташе на Бајден

Ромни е првиот републикански сенатор кој му честиташе на Бајден

Републиканскиот сенатор од Јута и кандидат за претседател на Републиканската партија за 2012 година, Мит Ромни, стана првиот републикански сенатор кој им честиташе на Бајден и Харис за победата.

Тој на Твитер напиша:

-Ен и јас им упатуваме честитки на новоизбраниот претседател Џо Бајден и на новоизбраниот потпретседател Камала Харис. И двајцата ги познавам како луѓе со добра волја и восхитувачки карактер. Се молиме Бог да ги благослови во деновите и годините пред нас, пишува Ромни.

Ромни претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има право да пријави можни нерегуларности при гласањето и да побара пребројување на гласовите, но инсистираше на тоа дека не треба да тврди дека изборите се „наместени“.