Свет 15. јануари 2021. / 11:43

Романскиот претседател прими вакцина против коронавирус

Романскиот претседател прими вакцина против коронавирус

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска ја прими вакцината против коронавирусот.

Откако го напушти центарот за вакцинација во болницата „Керол Давила“, Јоханис изјави дека вакцината е безбедна и додаде дека имунизацијата и третманот во согласност со рестриктивните мерки ќе ги „извлечат“ луѓето од пандемијата, пренесува Аџерпрес.

Тоа е едноставна процедура, не боли и сакам да истакнам дека оваа вакцина е безбедна, ефикасна и им препорачувам на сите да се вакцинираат, рече Јоханис.

Втората фаза од кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Романија почна денеска, а вестите во Аџерпрес не прецизираат која вакцина ја примил Јоханис.