Шефот на владејачката социјалдемократска партија Ливиу Драгнеа е одведен во затвор на отслужување на казната некоку часа откако во жалбената постапка судот му ја потврди казната од три и пол години затвор поради проневера.
Педесет и шестгодишниот Драгнеа е одведен во затворот Рахова, во јужно предградие на Букурешт, во полициско возило.Судот во Романија денес по жалбата ја потврди пресудата од три и пол години затвор претходно изречена на лидерот на владејачките социјалдемократи во Романија поради аферата со фиктивни работни места.Издржувањето на казната за контроверзниот Драгнеа најверојатно ќе значи крај на политичката кариера.