Една од најголемите светски агенции Ројтерс, тајно добивала пари од британската влада за да биде искористена за антосоветска пропаганда во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Ова го соопшти самата агенција, повикувајќи се на декласифицирани владини документи.
Парите во 1969 година во висина од 245.000 фунти, што денес претставуваат еквивалент од близу 3,5 милиони фунти, биле искористени за проширување на активностите на агенцијата-тогаш Ројтер, на Блискиот Исток и во Латинска Америка.
Преносот на парите од британскиот буџет на сметката на агенцијата е вршен тајно со оправдување за зголемување на данокот за користење на информациите на Ројтерс од страна на Би-Би-Си.
Претставникот на Ројтерс, Дејвид Крендуел, изјави дека по Втората светска војна многу медиуми добивале субвениции во различна форма. Тој посочи дека денес Ројтерс не дозволува неговата независност да биде доведена под знак прашање.
Агенцијата е основана во 1851 година во Лондон. Моментно таа е во сопственост на коропорацијата „Томпсон Ројтерс“, чие седиште е во Торонто, Канада.