Свет 06. август 2018. / 22:36

Рохани: Ние сме за разговори, но за тоа е потребна искреност

Рохани: Ние сме за разговори, но за тоа е потребна искреност

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека Техеран би бил подготвен да разговара со САД само доколку Вашингтон покаже дека е доверлив соговорник.

– Секогаш сме за дипломатија и разговори…Но, за разговор е потребна искреност. САД повторно воведуваат санкции за Иран и се повлекуваат од нуклеарниот договор, а потоа сакаат да разговараат со нас – рече Рохани во обраќањето што го пренесуваше државната телевизија.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша указ за воведување на нови санкции за Иран.