Вил Смит на свој канал на YouTube постави ново видео во кое е на љубовен состанок со роботот Софиа. Тие двајцате за заедно на брегот на Кајманските острови. Софија има способност да репродуцира повеќе од 60 човечки емоции, но тоа не помогна за тие двајца да доживеат романтична авантура која Вил Смит сакаше да ја започне со бакнеж.
Тие сепак поразговараа за тоа кој што сака, за омилената музика и слични теми.
Погледнете го видеото, сигурно ќе Ви се допадне.
„Софија не ме сака … претпоставувам заради мојата приказна со роботите“, напиша тој во пост на Инстаграм, мислејќи на неговата улога во филмот „Јас, робот“.
А како Софија реагира на обидот на Вил Смит да ја бакне, видете во видеото: