Путин ја посети изложбата на мали средни технолошки компании кои работат со развивање на вештачка интелигенција.
-Вештачката интелигенција може да биде клучна и дефинирачка технологија во наредните неколку декади, но не треба да и се довери владеењето со државата, рече Путин, откако еден од роботите изрази желба да ја преземе неговата функција.
Повремено, водачите на земјите, треба да носат ирационални и емоционално засновани одлуки, бидејќи тие им служат на живите луѓе, а не на машините, изјави Путин. Но, секако, вештачката интелигенција може да послужи како вредна алатка, а дури и учител, за било кого, па дури и за претседателот на државата.
-Како и се што е вештачко, вештачката интелигенција нема срце, душа, нема чувство на сочувство, и нема совест, рече тој.