Свет 21. октомври 2019. / 12:40

Рибари во Мјанмар пронашле пакети дрога што пловеле по морето вредни 18 милиони евра

Рибари во Мјанмар пронашле пакети дрога што пловеле по морето вредни 18 милиони евра

Мјанмарски рибари во морето пронашле вреќи со дрога кристален метамфетамин, со пазарна вредност од 18 милиони евра.

Вреќите со дрога пловеле во Андаманското Море, долж брегот на Мјанмар. Во секоја од 23 вреќи се наоѓале пластични кесички со ознака „Кинески зелен чај“.

Не знаејќи какви кристали се наоѓаат во кесичките, рибарите мислеле дека тоа е еден вид дезодоранс кој обично се користи во Бурма, се намачкале со него и добиле изгореници на кожата, а свеста им се поматила, наведуваат локални претставници. Веднаш потоа била информирана полицијата.

Мјанмар, кој по Авганистан е втор најголем производител на опиум во светот, според податоците на Службата на ОН за дрога и криминал, е еден од најголемите производители на метамфетамин во светот.