Свет 31. август 2018. / 11:47

Режисер од Австралија осуден на 6 години затвор за шпионажа во Камбоџа

Режисер од Австралија осуден на 6 години затвор за шпионажа во Камбоџа

Австралискиот режисер Џејмс Рикетсон, обвинет за шпионажа бидејќи пуштил дрон над опозициските протести во Камбоџа, беше осуден во петокот на шест години затвор.

 

„Решивме да го осудиме на шест години затвор за шпионажа и собирање информации што се штетни за националната безбедност”, рече судијата Сенг Леанг по шестдневниот судски процес.

„Тоа е еверојатно, за која земја би можел јас да шпионирам?”, рекол Џејмс Рикетсон (69), кога била објавена пресудата.

Шефот на главната опозициска партија, Кем Соха, и самиот е во затвор, исто така обвинет за шпионажа за сметка на Вашингтон.

Австралискиот режисер беше уапсен во јуни 2017 година, бидејќи тој пуштил дрон над група најголеми опозициски партии во Камбоџа, каде што живее веќе неколку години.

Неговото семејство вели дека се шокирани од пресудата: „Џејмс не е шпион. Тој ги сака Камбоџа и неговите жители, тој е режисер и хуманитарец”.