Свет 18. декември 2020. / 17:16

Рестриктивни мерки во Швајцарија: Владата нареди затворање на рестораните и спортските центри

Рестриктивни мерки во Швајцарија: Владата нареди затворање на рестораните и спортските центри

Швајцарската Влада нареди сите ресторани, спортски и рекреативни центри од вторник да бидат затворени еден месец, и ги повика граѓаните да останат во своите домови за да спречат пренесување на коронавирусот.

Во Швајцарија и Лихтенштајн денеска се потврдени нови 4.488 случаи на Ковид-19, а починале уште 120 пациенти.

Од почетокот на пандемијата до денеска, во Швајцарија се заразиле повеќе од 404.000 луѓе, а починале повеќе од 6.000 лица.