Свет 18. ноември 2020. / 17:52

Републиканецот Давид Шафер: Откриени се грешки во пребројувањето на гласовите

Републиканецот Давид Шафер: Откриени се грешки во пребројувањето на гласовите

Додека поголемиот број медиуми веќе му честитаа на Џо Бајден прогласувајќи го за нов претседател на Америка, Републиканците не прекинуваат да објавуваат за изборни нерегуларности. Она што последно е објавено на Твитер е дека во Илионис има голема грешка при пребројувањето.

Американскиот политичар Давид Шафер, член на Републиканската партија во Џорџија, денеска објави шокантни факти на Твитер. Според него, во оваа сојузна држава на конто на Џо Бајден на само едно избирачко место биле запишани 9.626 повеќе гласови. Се работи за округот Декалб во Илионис, каде што непреброените гласови се пишувале за Џо Бајден.

– Еден од нашите набудувачи откри грешка во гласањето од 9.626 гласови при рачното пребројување во округот Декалб. Една серија беше означена со 10.707 за Бајден и 13 за Трамп – неверојатна разлика дури и според стандардите на Декалб. Вистинската пресметка за серијата беше 1.081 за Бајден и 13 за Трамп, напиша Шафер на Твитер.