Свет 09. јануари 2021. / 11:54

Републиканците повикуваат да се користи Парлер, апликацијата недостапна за корисниците на Гугл

Републиканците повикуваат да се користи Парлер, апликацијата недостапна за корисниците на Гугл

Откако Твитер го блокираше американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, републикаците повикаа да се користи апликацијата наречена „Парлер.

По победата на Џо Бајден на претседателските избори, републикаците ширум Америка повикаа да се користи апликацијата „Парлер“. За кратко време оваа апликација стана број 1 на онлајн продавниците на Епл и Гугл, но најпосле изгледа дека оваа апликација ќе биде избришана и од нивните онлајн продавници.

Парлер е социјална мрежа на која многумина кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп се префрлија откако нивните профили на други социјални мрежи, како што е Твитер, беа суспендирани како дел од политиките за регулирање на содржината, рече извршниот директор на Парлер Џон Мејтс, пренесува Ројтерс.

Додека Твитер става рестрикции на многу републиканци, „Парлер“ се брендираше себеси како апликација за „слобода на говор“ и велат дека кај нив нема предупредување за недоразбирање како на Твитер. Основачот на компанијата, Џон Матзе во јуни за Форбс изјави дека нема „проверување на факти“ на нивната апликација.

Многу познати републиканци се активни на оваа апликација, а меѓу нив се најстариот син на Трамп, Доналд Џ. Јуниор, републикански сенатор од Тексас Тед Круз, како и личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани.

Апликацијата е основана во август 2018 година. Досега има околу 10 милиони корсиници, а најголем дел од нив се имаат приклучено од трети ноември, па до денеска.

Но, според сите статистики најверојатно и оваа апликација ќе остане недостапна за корисниците и ќе биде ограничена нивната слобода на говор. Доцна синоќа, Гугл веќе ја банираше Парлер, а истото најверојатно ќе го направи и Епл во текот на денот.