Свет 17. април 2020. / 22:05

Рекорден пад на цената на американската сирова нафта

Рекорден пад на цената на американската сирова нафта

Сировата нафта од типот Западно-тексашка лесна нафта (ВТИ) забрзано поевтинува и во текот на последните берзански актвности достигна рекордно ниска цана од 17.81 долари за барел.

Со тоа, цената на овој тип нафта забележа неславен рекорд од најголем пад во изминатите 18 години, јавуваат светските медиуми. Оваа нафта имала пониска цена во 2001 година, кога чинела 17.65 долари за барел.

Главната марка на сирова нафта, Брент, пак, се спушти до 28.02 долари за барел. Руската „Јуралс“ од Сибир моментално чини 23.30 долари за барел.

Ниската цена на нафтата го запре приливот на готовина во државниот буџет на Русија со изглед на заострување на екомската криза во земјата, независно од историскиот договор за намалено вадењето нафта со ОПЕК+.