Свет 23. септември 2020. / 18:17

Рекорден број заразени во Шкотска, забрането одење на гости

Рекорден број заразени во Шкотска, забрането одење на гости

Во Шкотска, во последните 24 часа се пријавени 486 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на нови инфекции од почетокот на пандемијата.

Шкотската премиерка Никола Старџен рече дека овие бројки се загрижувачки и нагласи дека токму поради оваа причина се воведени новите ограничувачки мерки. Таа истакна дека сега се тестираат многу повеќе луѓе отколку на врвот на пандемијата на почетокот на годината, пишува Би-Би-Си.

На жителите на Шкотска од денес им е забрането да посетуваат туѓи домови.