Свет 09. март 2020. / 10:11

Рекорден број починати за едно деноноќие од Ковид-19 во Италија

Рекорден број починати за едно деноноќие од Ковид-19 во Италија

Во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починале 133 луѓе, што е најголема бројка на жртви досега.

Вкупно, од новиот коронавирус во Италија починале 366 лица.

Со вкупен број на заразени лица кој се зголеми на 7.375, Италија стана втора земја во светот по бројот на починати и заразени од вирусот.

Вкупно 633 луѓе оздравеле, што е за 33 повеќе од вчера.