Свет 17. декември 2020. / 16:24

Рекорден број на новозаразени во Шведска

Рекорден број на новозаразени во Шведска

Во последните 24 часа во Шведска се регистрирани рекордни 8.881 лице заразени со коронавирусот, а 91 починале.

Од почетокот на пандемијата во земјата се заразиле повеќе од 350.000 луѓе, а досега починале 7.893 лица.

Стапката на смртност по глава на жител во Шведска е повеќекратно поголема отколку во другите нордиски земји, но пониска отколку во неколку европски земји кои применија строги рестриктивни мерки.