Свет 09. јули 2020. / 13:16

Рекорден број на новозаболени во Индија од почетокот на епидемијата

Рекорден број на новозаболени во Индија од почетокот на епидемијата

Во Индија во последните пет часа се регистрирани повеќе од 100.000 нови случаи на коронавирус, а Министерството за здравство денеска пријави 24.879 новозаразени, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата.

Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани вкупно 767.296 случаи на коронавирус, и Индија е трета во светот по бројот на заразени лица.

Во последната недела, дневниот број на новозаразени лица во Индија не се спушти под 20.000, јави Си-Ен-Ен.

Од почетокот на епидемијата во земјата починале вкупно 21.129 луѓе.