Свет 22. декември 2020. / 09:06

Рекорден број хоспитализирани во САД, десетти ден по ред бројките растат

Рекорден број хоспитализирани во САД, десетти ден по ред бројките растат

Во САД се хоспитализирани 115.351 пациент со коронавирус, што е нов рекорд од почетокот на пандемијата.

Тоа е дваесетти ден како САД имаат над 100.000 хоспитализирани пациенти со Ковид-19, пренесува Си-ен-ен.

САД се земја која е најпогодена од пандемијата на коронавирусот и во однос на бројот на заразени и според бројот на смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата се потврдени 18.006.061 случаи на коронавирус, а најмалку 320.000 луѓе починале како резултат на Ковид-19, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.