И Австрија по примерот на Полска и на Франција, регистрираше рекорден број на новозаразени со Ковид-19. Австриските власти соопштија дека бројката во последните 24 часа изнесува 1235 заразени, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата.
Најголем број се од Виена и околината – 511. Следува Долна Австрија со 187, а Горна Австрија 174. И останатите области се со двоцифрени бројки.
Вкупниот број на активни случаи во Австрија е рекордни 10.742. Бројот на починати во последните 24 часа порасна за 10, па така вкупниот број сега е 852
Од почетокот на епидемијата, во Австрија се регистрирани 54.444 случаи на Ковид-19.