Новите регрути во армијата на САД од неодамна поминуваат задолжителен преглед од корона вирус.
Прегледите се дел од заложбите на Пентоган да спречи ширење на вирусот во редовите на американската армија и тие почнале уште во јануари, соопшти Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван претставник на воените сили на САД.
Прегледот вклучува оценки поврзани со симптомите како треска, заболување на дишните патишта, дијареа, омалаксаност или болки во мускулите, како и прашања за минати патувања во странство на регрутите и за тоа дали имале близок контакт со носител на вирус.
Ако регрутот одговори „не“ на сите укажани прашања и има температурата не поголема од 37,4 степени Целзиусови, ќе му биде дозволено да стапи на служба во армија.
Како што јавија некои медиуми, поради ширењето на корона вирусот низ целиот свет, екипажите на Шестата флота на воено-поморските сили на САД ќе се придржуваат на двонеделен карантин по секое пристанувањето на европските пристаништа.
– Заедно со другите флоти утврдивме 14 дневен период меѓу посетите на пристаништата, за да се изврши контрола на здравствената состојба на екипажот – изјави претставник на Шестата флота одговорен за стационираната американска војска во Европа и Африка.
Претставничкиот дом на Конгресот на САД одобри 8,3 милијарди долари итна помош за борба со смртоносното заболување. Средствата се наменети за дополнителни брзи тестови за Ковид-19 и за развој на вакцина, но и за реализиција на други медицински изучувања и домашна медицинска нега за постарите лица.
Од пневмонија и компликации со дишењето предизвикани од корона вирусот во САД досега починаа 11 луѓе, а 154 се заразени.