Силен земјотрес од 6,9 степени според Рихтер, лоциран на голема длабочина под земјината површина, ги погоди архипелагот Кермадек и брегот на Нов Зеланд.
Засега нема извештаи за метеријална штета, повредени или опаснот од цунами.
Агенцијата АП известува дека американскиот завод за геолошки истражувања објавил оти земјотресот бил регистриран на 775 километри североисточно од новозеландскиот град, Окленд, на длабочина од 111 километри.
Претходно, силен земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер го погоди брегот на Соломонските Острови во Јужниот Пацифик.
Јапонската агенција „Кјодо“ објави дека земјотресот бил регистриран на 65 километри северозападно од Киракир, на длабочина од 64,5 километри.
Пацифичкиот центар за предупредувања од цунами во Пацификот, лоциран на Хаваите, не издаде предупредување за цунами ниту во овој случај.