Свет 21. април 2020. / 23:30

Регистрирани 531 смртни случаи за 24 часа во Франција

Регистрирани 531 смртни случаи за 24 часа во Франција

Со нови 531 смртни случаи, во Франција бројот на жртвите од епидемијата со Ковид-19 достигна 20.796.

Во Франција вкупно 117.324 лица се со потврдена дијагноза на Ковид–19. Вечерва 30.106 лица се на болничко лекување поради заразата со вирусот, додека 5.433 пациенти се во тешка состојба и се на интензивна нега.

Тринаесет дена по ред бројот на пациентите кои се на интензивна нега се намалува.