Свет 13. февруари 2021. / 10:20

Регистрирани 5.323 починати од Ковид-19 во САД

Регистрирани 5.323 починати од Ковид-19 во САД

Во САД вчера се регистрирани 97.525 нови случаи на Ковид-19, а од болеста починале 5.323 лица, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс.

Си-Ен-Ен јавува дека од вкупниот број на починати, 2.400 се од Охајо, и оти властите на оваа сојузна американска држава на 10 февруари соопштија дека од регистрацијата преку системот за известување можеби се изоставени околу 4.000 смртни случаи и ќе бидат додадени преку нови податоци.