Свет 06. декември 2020. / 14:00

Регистрирани 18 нови случаи на Ковид-19 во Кина: Сите се увезени

Регистрирани 18 нови случаи на Ковид-19 во Кина: Сите се увезени

Во последните 24 часа во Кина се регистрирани уште 18 случаи на коронавирусот, еден повеќе од претходниот ден, но Националната здравствена комисија соопшти дека сите случаи се увезени од странство.

Бројот на нови асимптоматски случаи на Ковид-19, кои не се евидентираат како потврдени случаи во Кина, падна од 12 пред два дена на само два вчера.

Вкупниот број на потврдени случаи во Кина сè уште е 86.619, а бројот на смртни случаи е 4.634.