Свет 31. јануари 2020. / 11:01

Регистрирани првите два случаи на коронавирусот во Италија

Регистрирани првите два случаи на коронавирусот во Италија

Премиерот на Италија Џузепе Конте синоќа објави дека се регистрирани првите два случаи на новиот коронавирус во земјата и оти Италија ги прекинува сите летови до и од Кина.

Конте рече дека Италија е првата европска земја што донесе одлука да ги прекине летовите „поради претпазливост“.

– Како и во другите земји, имаме два потврдени случаи на коронавирусот. Се работи за двајца кинески туристи кои пристигнале пред неколку дена, информира Конте на прес-конференција.

СЗО синоќа прогласи глобална вонредна ситуација поради новиот коронавирус.