Свет 07. март 2021. / 13:13

Референдум во Швајцарија: Ќе се носи ли никаб и бурка?

Референдум во Швајцарија: Ќе се носи ли никаб и бурка?

Швајцарските граѓани денеска на референдум одлучуваат за нацрт-законот за забрана за носење никаб и бурки што ги носат одредени муслимански жени во таа земја, а исто така има и гласање за забрана за носење ски маски и шалови над лицата за време на демонстрации.

Анкетите покажуваат дека резултатите од гласањето ќе бидат неизвесни, објави АП.

Мерката би се однесувала на покривање на лицата на јавни места како што се ресторани, спортски објекти, јавен превоз и одење по улица.

Исклучок би биле верските објекти, или во случај на безбедносни и здравствени причини, бидејќи луѓето сега носат маски за да се заштитат од пандемијата.

Швајцарската влада се спротивставува на мерката и вели дека покривањето на лицето е „маргинално“ прашање.

Се додава дека ваквите мерки би го загрозиле туризмот, затоа што повеќето жени кои доаѓаат како туристи од добростоечките арапски земји го прекриваат лицето.