Свет 19. јули 2018. / 10:02

Реџеп Тајип Ердоган навреден од карикатура, поднесува тужба

Реџеп Тајип Ердоган навреден од карикатура, поднесува тужба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе тужба против лидерот на главната опозициска партија и десетици пратеници поради навреда бидејќи тие на социјалните мрежи објавиле карикатура која го покажува него во ликот на разни животни.

Државната новинска агенција „Анадолија“ објави дека тужбата е поднесена против Кемал Кичдароглу, кој на „Твитер“ објави карикатура и против 72 пратеници што ја споделиле.

Според информациите, тие го направиле тоа во знак на поддршка на четворица студенти уапсени поради плакати со иста карикатура на церемонијата од дипломирањето.

Навреда на претседателот на Турција е кривично дело за кое може да се добие затворска казна до четири години. Ердоган поднесе речиси 2.000 тужби поради наводни навреди, но од многу се откажал во знак на добра волја.