Околу 21 милион луѓе во Италија се соочуваат со финансиски тешкотии поради блокадата во земјата, а повеќе милиони останаа без приходи во екот на пандемијата на вирусот Kовид-19.
Како што покажуваат резултатите на истражување на Универзитетот Тусциа во регионот Лацио, како резултат на блокадата, во Италија околу 3,7 милиони работници останале без ниту еден приход во семејството, а речиси седум милиони граѓани живеат со 500 евра месечно бруто заработка.
Мерките за целосен карантин во Италија се продолжени до 3 мај, по што се очекува постепено придвижување на производствените активности.