Свет 05. март 2020. / 18:52

Речиси 54.000 луѓе оздравеле од корона вирусот

Речиси 54.000 луѓе оздравеле од корона вирусот

Од корона вирусот досега оздравеле повеќе од 53.972 лица низ светот, се наведува на сајтот Ворлдометарс, кој користи податоци од светски службени и новински агенции.

Од корона вирус досега се заразиле вкупно 96.779 лица, а моментниот број изнесува 39.499, од кои 84 отсто (33.078) имаат полесен облик на болеста, додека 16 отсто (6.421) се наоѓаат во критична состојба.

Смртноста од Ковид-19, според извештаите на Светската здравствена организација, е 3,4 проценти, а проширен е на територијата на 87 држави.

Земјата во која има најголем број заразени е Кина, каде што од последици на корона вирусот починаа 3.013 луѓе. Според бројот на инфицирани од Ковид-19 на второ место се наоѓа Јужна Кореја, потоа Иран, а во Европа најмногу заболени има во Италија.