Свет 26. март 2019. / 13:14

Речиси 2 милиони луѓе погодени од циклонот во Мозамбик

Речиси 2 милиони луѓе погодени од циклонот во Мозамбик

Само во Мозамбик од циклонот Идаи и неговите последици се погодени околу 1,85 милиони луѓе, во вторникот соопшти ОЦХА, хуманитарната организација на ОН, додека хумантарните работници се обидуваат да го согледаат обемот на катастрофата и да утврдат која помош е најпотребна.

Некои се во критични, опасни по живот ситуации. Некои за жал изгубија сè, но во исто време оваа ужасна трагедија не им го загрозува животот, рече координаторот на ОЦХА, Себастијан Родес Стампа.

Идаи ги разурна домовите и предизвикаа поплави кога дојде до копното во близина на пристанишниот мозамбички град Беира на 14 март. Потоа ги опустоши соседните Зимбабве и Малави.

Најмалку 686 лица загинаа во невремето и нејзините последици во трите земји, а бројките може да растат, додека хуманитарните работници се подготвуваат за неизбежна појава на болести, вклучувајќи маларија и колера.

Мозамбик е најтешко погоден од хуманитарната криза, десетици илјади домови беа уништени, а стотици илјади луѓе беа раселени низ целата земја на површина од околу 3.000 квадратни километри, што е приближно со големина на Луксембург.

Големината може да се утврди, но последиците не. Единствено ни преостанува од хеликоптер да ги спуштаме луѓето на теренот за да се утврди што е најпотребно, рече Стампа.