Во силниот тајфун Џеби што го погоди западниот дел на Јапонија, загинаа најмалку осум луѓе, а над 200 се повредени. Тајфунот со себе донесе обилни врнежи од дожд кои предизикаа поплави на меѓународниот аеродром Кансаи. Поради силното невреме прекинат е копнениот и воздушниот сообраќај, а илјада луѓе се заглавени.
Маж на 70 годишна возраст загинал кога силниот ветер го дувнал на земјата од неговиот стан во Осака, додека полицијата соопштила дека уште пет лица смртно настрадале во истата префектура кога ги погодиле предмети кои летале или паѓале од нивните станови.
Во префектурата Шига, 71-годишник загинал кога зграда во која се наоѓал магацин, се срушила на него, додека друг маж на слична возраст загинал откако паднал од покрив во префектурата Мие.
Повеќе од 200 луѓе се повредени, од кои многу на станица во градот Кјото, кога дел од стаклен свод се урнал на нив од силниот ветер. Ветрот дувал со толку голема брзина, што дури танкер се забил во мост.