После разочарувачките резултати од тестирањето на населението во Шведска за антитела против коронавирусот, кои покажуваат дека ваквите антитела поседуваат низок процент од населението во таа земја, тестовите спроведени во Данска покажуваат дека ситуацијата таму е уште по неповолна.
Според резултатите од една студија, само околу еден процент од популацијата на Данска е заразена со коронавирусот – главно поради строгите рестриктивни мерки – и тоа сега предизвикува страв дека земјата би можела да биде погодена од втор бран на Ковид-19.
Студијата ја објави агенција надлежна за заразни болести, која работи под покровителство на Министерството за здравство.
Според „Гардијан“, од 2.600 случајно избрани Данци, 1.071 од нив досега се согласиле да бидат тестирани за антитела, но само 12 од нив – или околу 1,1 процент – тестирале позитивно на тие тестови.
Данска, која за разлика од Шведска, бргу воведе рестриктивни мерки и строги регулативи за спречување на ширењето на коронавирусот, досега потврди 11.118 случаи на СОВИД-19, а бројот на починати е 561.
Вчера парламентот на Данска донесе одлука за нова фаза на олеснување на рестриктивните мерки.