Свет 07. февруари 2020. / 17:44

Разговор Си-Трамп: Кина умее да се справи со епидемијата на корона вирусот

Разговор Си-Трамп: Кина умее да се справи со епидемијата на корона вирусот

Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп уверил дека Кина е целосно способна да ја спречи епидемијата на корона вирусот.

Како што пренесуваат кинеските медиуми, Трамп од своја страна изразил убеденост во способноста на Кина да се соочи со предизвикот од епидемијата, изјави портпарол на Белата куќа.

Си кажал дека Кина почнала „народна војна“ против епидемијата воспоставувајќи национална мобилизација и најостри мерки за спречување и контрола, пренесе кинеската телевизија.

Си упати апел до САД разумно да реагираат на епидемијата, пренесуваат кинеските медиуми.

Бројот на лица кои досега починаа со последици од корона вирусот во Кина надмина 630, а вкупно се заразени повеќе од 31.000.