Делегации на Северна и Јужна Кореја се договориле дека од 20 до 26 август, ќе организираат повторно соединување на семејствата, кои се раздвоени за време на Корејската војна, соопшти јужнокорејското министерство за соединување, повикувајќи се на заедничкото соопштение на делегациите.
Соединувањето на семејствата, кое ќе биде прво по три години, е еден од чекорите кој го ветиле севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, со цел да ги унапредат односите, пренесе Ројтерс.