Свет 17. јануари 2021. / 08:44

Разбеснета маса мигранти тргна од Хондурас кон Америка

Разбеснета маса мигранти тргна од Хондурас кон Америка

Илјадници мигранти од Хондурас во колони тргнаа кон американските граници надевајќи се дека новиот претседател, Џо Бајден, ќе ги отвори за нив.

Мигрантите очекуваат пријателски пречек од новата американска администрација и исполнување на предизборните ветувања дека ќе се променат имиграциските закони донесени од Трамп.

Полицијата во Хондурас се обидува да ги сопре разулавените маси луѓе.

Според проценките, во Америка тргнале над 9.000 мигранти.