Светските економии имаат различен пристап за ефикасно управување на огромните издатоци потребни за повторно покренување на економските активности. Огромни количини капитал протекоа низ централните банки и низ нивните брзи и флексибилни монетарни политики.
Како резултат на тоа, сведоци сме на зголемување на цената на златото и среброто. Од први јуни кога златото се тргуваше за 1.671 долари до сега достигна цена од 1.810, односно цената за унца злато забележа раст од 125 долари што е околу 6,9 отсто за месец и половина.
Само во последните четири месеци унцата злато на светските пазари поскапи за речиси една четвртина, односно од околу 1.475 долари кон крајот на март на повеќе од 1.810 американски долари. Најголема номинална цена златото достигна во 2011 година.
Среброто исто така доби замав. Во последните седум недели поскапи за 2,20 долари, или 11,1 отсто од вредноста за кфраток временски интервал.
Со оглед дека ситуацијата се уште оди во прилог на овие благородни метали и нивната побарувачка, се очекува понатамошно зголемување на цената и раст на побарувачката и би можеле да стигнат до нова рекордна цена.